Изолација на рамен покрив
Зошто ни е потребна изолација на рамен покрив?
Бидејќи топлината се крева нагоре, најголемиот дел од топлинската енергија се губи преку покривот. Изолацијата на рамен покрив е одлично решение кое ја подобрува енергетската ефикасност на објектот и ги намалува трошоците за енергија.
Создавањето поефикасна заштита на рамниот покрив му обезбедува дополнителна сигурност на објектот од непредвидливите надворешни климатски услови, вклучувајќи прегревање во потопли клими, како и дожд и снег во постудени региони.

Како влијае изолацијата на покривот со камена волна на заштита од климатските услови?
Соодветната изолација ја штити зградата од екстремните временски промени – како прегревање за време на летото и губење на топлина за време на зимата. Покрај тоа, камената волна ROCKWOOL помага во спречување на структурните оштетувања од влага и гарантира побезбедна и поодржлива средина.
Зошто рамните покриви се сѐ почест избор во современото градежништво?
Од високи станбени згради, до индивидуални куќи, индустриски објекти, големи деловни комплекси, па сè до училишта и болници, рамните покриви се составен дел од современиот градежен дизајн.
Конструкции како тераси, покривни градини, „сини“ покриви со задржување вода и покривни простори наменети за соларни системи стануваат сè попопуларни. Овој растечки тренд за функционални покривни простори создава уште поголема потреба од ефикасна изолација, со што се зголемува користа на просторот на врвот од објектот.
Колкава треба да биде дебелината на изолацијата за рамен покрив?
Оптималната дебелина на изолацијата за рамен покрив зависи од локалните прописи и стандарди. Треба да се има предвид дека покривната конструкција ќе трае приближно 30 години. Затоа, важно е решението да се дизајнира така што ќе биде заштитено од идните трошоци за енергија и ќе ги исполнува потенцијалните идни енергетски регулативи.
