ОСБ Табли

Од темелите до покривот - OSB таблите се вашиот сојузник за секој градежен проект кој бара издржливост, прецизност и непроценлива вредност.

Mатеријалот кој ги поврзува квалитетот, издржливоста и достапноста во едно совршено решение.

a blue and white logo

ОСБ таблите (ORIENTED STANDARD BOARDS) се материјал, кој во градежништвото има широка примена.
Со ОСБ таблите е овозможено без проблем да се направат сите вообичаени спојувања и обработки кои се карактеристични за дрвото.
ОСБ се повеќеслојни плочи кои се произведени со лепење на иверки, во три или четири вкрстени слоеви, се сврзуваат со еко смола се пресуваат под висок притисок.
Употребата на боровото дрво и внимателното сушење во текот на изработката на плочите им даваат висок квалитет.

Детали

Флексибилни и цврсти, осб таблите имаат широко поле на примена, се користат како носачи на товар, во ѕидни, подни и тавански облоги, за подно реновирање, за изработка на надворешни и внатрешни ѕидови на монтажни куќи, се користат и како секундарен покрив во изработката на покривите.
Ентериерен дизајн и декоративна примена:
- Изработка на штандови на саеми, како облоги во спортски објекти, за конструкции и изработка на мебел.
Индустриска примена:
- Изработка на разни сталажи, палети и амбалажа.
- Може да се користи како под во магацински објекти.

Спецификации

Материјал: Дрво, лепак
Димензии на табла: 244 х 122 cm
Дебелина на табла:
9; 11; 15; 18 и 22 mm

ШИРИНА и                        ПАРЧИЊА
ДОЛЖИНА
                      ВО ПАЛЕТА
09 mm x 122 х 244 cm          98
11 mm x 122 х 244 cm          82
15 mm x 122 х 244 cm          62
18 mm x 122 х 244 cm          51
22 mm x 122 х 244 cm          42

Дополнително контактирајте нѐ на:

Телефон:  071 373 338
Адреса: Визбегово, Ул. 1552 бр. 16, Скопје 1000

Стапете во контакт

За било какви прашања, потреби и потенцијални соработки слободно испратете ни порака подолу!

Thank you! Your submission has been received!
Oops! Something went wrong while submitting the form.