OSB табли — за што се користат и како да ги изберете
Што е OSB табла?
OSB (Oriented Strand Board) е градежна плоча направена од долги дрвени струготини (стрендс), наредени во слоеви под контролиран агол и споени со лепило под висок притисок и температура. Резултатот е плоча која е механички многу издржлива, поиздржлива од обична иверица, а по цена е поповолна од шперплоча со слична намена.
Струготините во надворешните слоеви обично се ориентирани во насока на должината на плочата, додека внатрешните слоеви се напречни. Ова "вкрстено" распоредување ѝ дава на OSB таблата добра јачина во двете насоки, слично како кај шперплочата.
За што се користи OSB табла?
OSB таблите се сретнуваат во речиси секој дел од градбата на една куќа:
Подни облоги и подконструкции — OSB се поставува како подлога пред финалната подна облога (паркет, ламинат, тепих). Дебелината зависи од растојанието меѓу гредите на подконструкцијата.
Кровни оплати — Под ќерамидата, битуменската лепенка или челичните кровни панели, OSB служи како континуирана рамна површина на која се закачуваат кровните материјали и се овозможува дистрибуција на оптоварувањето (снег, ветер).
Ѕидни облоги кај скелетни конструкции — Кај дрвени скелетни куќи (тимбер-фрејм), OSB се користи за обшивка на надворешните ѕидови, дава крутост на конструкцијата и служи како база за хидроизолациона/пароизолациона мембрана.
Привремени и заштитни конструкции — Огради на градилишта, заштита на подови и врати за време на работа, кофражни елементи.
Мебел и внатрешна изработка — Полици, работни маси, подконструкции за кујнски елементи — секаде каде е потребна цврста, рамна и релативно евтина плоча.

Како да ја изберете вистинската дебелина
Дебелината на OSB таблата зависи од намената и растојанието меѓу подконструктивните елементи (греди, ребра).
За подна облога, ако растојанието меѓу гредите е до 40 см, доволна е плоча со дебелина 15–18 мм, при поголемо растојание е потребна подебела плоча. Кога растојанието меѓу гредите достигнува до 60 см, стандардот за конструктивни подови е 22 мм.
Кај кровната оплата, се препорачува дебелина од 15–18 мм, во зависност од растојанието меѓу роговите и типот на кровниот материјал што се поставува над неа.
За ѕидна обшивка кај скелетни конструкции обично е доволна дебелина од 9–12 мм, што дава потребна крутост без непотребно оптоварување на конструкцијата.
Кај привремени огради и заштита на градилиште, дебелина од 10–12 мм е сосема доволна, бидејќи тука не станува збор за конструктивен елемент, туку повеќе за издржливост при секојдневна употреба.
Правило од струка: колку е поголемо растојанието меѓу подконструктивните елементи, толку подебела плоча е потребна за да се избегне провиснување под оптоварување.
Препорачуваме производи:

