Внатрешна изолација на ѕид
Најдете одговори на најчесто поставуваните прашања за внатрешната изолација на ѕидовите.
Зошто ни е потребна внатрешната изолација на ѕидовите?
Инсталирањето на висококвалитетна внатрешна изолација на ѕидовите е еден од најдобрите начини за спречување на загубата на топлина, заштита од пожар и подобрување на звучни перформанси. Изолацијата ги подобрува енергетските перформанси и создава пријатна домашна или работна средина.

За какви видови на внатрешни ѕидови е потребна изолација?
Погодна е за сите видови внатрешни ѕидови:
- Преграден ѕид - Sидови кои се користат за поделба на просторијата. Тоа се обично дрвени или метални конструкции со завршна обработка од гипс или нешто слично.
- Изолација на надворешниот ѕид од внатрешна страна - По структурата се слични на преградните ѕидови, но се поставени на внатрешната страна на надворешниот ѕид. Тие се наменети за подобрување на топлинските карактеристики на надворешниот ѕид.
Како се третира кондензацијата на внатрешните ѕидови?
ROCKWOOL производите можат да помогнат да се намали веројатноста за појава на влага во објектите, благодарение на нивната водоотпорност и термички својства. Сепак, важно е и просториите да бидат добро проветрени, како и да се решат проблемите кои веќе постојат.
Препорачуваме производи:


.avif)