EUROVENT AKTIV
парна брана
Eurovent AKTIV е двослојна активна парна брана. Изработена е од еден слој полипропиленска неткаена ткаенина и функционален филм кој го контролира преносот на пареа кон поткровјето или кон внатрешноста на објектот.
Активните својства на мембраната го поттикнуваат отстранувањето на влагата, што не е овозможено кај обичните парни бариерни фолии.
Актив парната контролна мембрана се користи во станбена и индустриска градба како парна бариера што ги штити поткровјата од продор на вишок влага од внатрешноста во термоизолацијата. Благодарение на своите активни својства, меѓу другото го спречува „ефектот на пластична кеса“, односно појавата на мувла и габи во поткровјето како резултат на прекумерна влага.
Го штити конструктивното дрво од распаѓање. При монтажа, задолжително е користење на леплива лента Eurovent® DUO за лепење на преклопите и заптивање на споевите со конструктивните елементи на кровот.
Материјал: Полиетилен
Тежина: ca.90 g/m2
Паропропусност: ca. 5 g/m2/24h
Сд вредност: ca. 8.00 m
Отпорност на вода: W1
УВ отпорност: 3 месеци*
Големина на ролна: 1,5 m x 50 m = 75 m2
Палета / B-150 x 80 cm: 50 ролни/3750 m2
* Се однесува на вештачко тестирање направено врз база на просечното УВ зрачење во Централна Европа



