EUROVENT BASIC
Eurovent BASIC кровната мембрана, трослојна, со висока паропропустливост, се користи за изолирани и вентилирани коси кровови. Погодна е за различни видови кровни покривки како што се бетонски ќерамиди, кровни плочки, како и за заштита од ветер во рамковна конструкција.
Достапна е и во опција со 2 самолепливи ленти – SYSTEM SK2.
Кровната мембрана е наменета за употреба како подлога кај коси, изолирани и вентилирани кровови со отворена конструкција. Исто така е погодна за проекти за обнова на кровови и поткровја со користење на „инвертен систем на монтажа“.
Мембраната овозможува директен контакт со термоизолациски материјали како минерална или стаклена волна, бидејќи не е потребен вентилациски јаз помеѓу мембраната и изолацискиот слој.
Завршната кровна покривка секогаш мора да се постави на летви и контра-летви фиксирани над мембраната.
Материјал: Полипропилен
Тежина: ca.100 g/m2
Паропропусност: ca. 3000 g/m2/24h
Сд вредност: ca. 0,02 m
Отпорност на вода: W1
УВ отпорност: 3 месеци*
Големина на ролна: 1,5 m x 50 m = 75 m2
Палета / B-150 x 80 cm: 50 ролни/3750 m2
* Се однесува на вештачко тестирање направено врз база на просечното УВ зрачење во Централна Европа



