EUROVENT FORTIS
Eurovent FORTIS кровната мембрана, трослојна, со висока паропропустливост се користи за изолирани и вентилирани коси кровови, вклучително и со целосна подлога. Има највисока отпорност на кинење во својата класа, поради што ја избираат и најпребирливите кровопокривачи.
Достапна е и во опција со 2 самолепливи ленти – SYSTEM SK2.
Се користи како подлога за коси, изолирани и вентилирани кровови, вклучително и кровови со целосна дрвена подлога. Производот не бара вентилациски јаз помеѓу мембраната и термоизолацијата (минерална волна, стаклена волна итн.), што значи дека мембраната може да биде во директен контакт со изолацијата.
Монтажата на завршната кровна покривка врз мембраната секогаш мора да се изведе со летви и контра-летви. Погодна е за употреба под речиси сите видови кровни покривки, особено керамички и бетонски ќерамиди, метални кровни панели, алуминиумски лимови, природен шкрилец и слично.
Материјал: Полипропилен
Тежина: ca.190 g/m2
Паропропусност: ca. 3000 g/m2/24h
Сд вредност: ca. 0,02 m
Отпорност на вода: W1
УВ отпорност: 3 месеци*
Големина на ролна: 1,5 m x 50 m = 75 m2
Палета / B-150 x 80 cm: 40 ролни/3000 m2
* Се однесува на вештачко тестирање направено врз база на просечното УВ зрачење во Централна Европа

.webp)

