STEPROCK C

Steprock се изолациски плочи од камена волна со голема густина, за изведување звучна, топлинска и противпожарна изолација на подови.
Се препорачуваат за изолација на пливачките и суви подови на стамбении деловни простории и се поставува под армирано - цементната кошулица, или слични влажни кошулици, како и кај суви кошулици.
Поради влакнестата структура и еластичноста што ја имаат, имаат одлични својства на изолација од воздушен и ударен звук.

Детали

Целосно незапалив материјал, реакција на пожар А1 – не придонесува за ширење на огнот, изложен на пламен не испушта отровни гасови и не создава дополнително запаливи капки.
Одлични топлинско изолациони својства, мала вредност на топлинска проводливост ( λ ), паропропусност, водоотпорност, хемиска неутралност и димензиска стабилност.
Се испорачува на дрвени палети со димензии 2400х1200х2535 mm, заштитени со PE фолија.

Спецификации

Димензија на плоча: 1200 х 600 mm
Дебелина: од 30 до 70 mm
Топлинска проводливост: λD = 0,040 W/[mK]
Густина: ρ = 120 kg/m3
Точка на топење:
Тt > 1000° C
Реакција на пожар: Класа А1

Подна изолација со можност на газење 
STEPROCK C

Погледнете како излгеда процесот на монтажа на изолација на под на поткровје

Дополнително контактирајте нѐ на:

Телефон:  071 373 338
Адреса: Визбегово, Ул. 1552 бр. 16, Скопје 1000

Стапете во контакт

За било какви прашања, потреби или можности за соработка слободно испратете ни порака подолу!

Thank you! Your submission has been received!
Oops! Something went wrong while submitting the form.